📽 ПЕСНА НА „КВИН“ ЗА ДЕБЕЛИ ДЕВОЈКИ ИЗБРИШАНА ОД КОЛЕКЦИЈА ХИТОВИ Уште еден апсурд на „политички коректното“ цензурање на уметноста

„Ова е сосем нова состојба во музичкиот свет. Никој не може да разбере зошто толку добронамерна и забавна песна не може да биде прифатлива во денешното општество“ – коментираат критичарите на оваа одлука.

287

Хитот на групата „Квин“ од 1978 година „Fat Bottomed Girls“ (Дебелогазести девојки), е најновата жртва на тн. „култура на исклучување“ или „канцел-култура“. Песната ја опева љубовта кон полничките девојки, но сепак, некои сметаат дека не е коректна, па затоа е исфрлена од новата колекција најголеми хитови на бендот наменета за помладата публика на стрим-платформата „Јото“.

„Дебели девојки, светот се врти поради вас“, гласи еден стих од песната, па се чини, за многумина денес е контроверзна.






Целта на објавувањето на колекцијата хитови на платформата е да се запознаат и помладите со музиката на „Квин“, а мнозина ја критикуваат одлуката таа песна да биде исфрлена од списокот, нарекувајќи ја „апсурдна“.

„Ова е сосем нова состојба во музичкиот свет. Никој не може да разбере зошто толку добронамерна и забавна песна не може да биде прифатлива во денешното општество. Зошто не ги цениме луѓето од сите ‘форми и големини’ како што вели општеството треба, наместо ‘да се ослободиме’ од нив? Да се игнорира таа песна е апсурдно. Патем, ефектот на бумеранг ќе резултира со повеќе луѓе да ја преземат таа песна отколку пред 40 години“ – пишува колумнистот на Фокс Њуз, Џо Конча.

Песната е еден од најголемите хитови на легендарната рок група, а се појави и на нивниот албум „Greatest Hits“ од 1981 година. А, овојпат и некои други песни доаѓаат со предупредување дека „дел од музиката на бендот содржи теми за возрасни, како што се повремени референци за насилство и дрога“.

Поврзани содржини