Песков реагира за мемоарите на Џон Болтон во делот за Путин

287

Проценките на Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, дадени во неговите мемоари, а кои се однесуваат на рускиот претседател Владимир Путин, не можат да се сфатат како објективни, бидејќи е можно за нешто да се согласиме, но не и со се, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Што се однесува до неговите оценки за нашиот претседател, тие се различни, со некои можете да се согласите и со некои не можете да се согласите, така што тука мора да ги погледнете одделните пораки, -изјави Песков пред новинарите.






Според него, не може да се даде општа проценка за мемоарите – објави Тасс.

Песков, исто така, одби да коментира дали перцепцијата на Болтон за Путин е позитивна или негативна.

“.

Поврзани содржини