Песков: Понудата на Маск за разговор со Путин е интересна

300

Кремљ смета дека е интересна понудата на Елон Маск, основачот на компаниите „Спејсекс“ и „Тесла“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на социјалната мрежа Клабхаус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Оваа понуда, како што наведе, треба детално да се разгледа, пренесе агенцијата ТАСС.






Прво сакаме да ја разбереме понудата – рече Песков.

Тој потсети дека рускиот претседател не користи социјални мрежи и дека нема никакви лични налози.

Песков истакна дека понудата на Маск е многу интересна, но дека тие прво мора да разберат што мисли, за што станува збор, а потоа ќе одговорат.

Поврзани содржини