ПЕСКОВ ГО ИСКАРА ВУЧИЌ ЗА МУНИЦИЈАТА Последно нешто што сака Москва се српски куршуми на фронтот
Портпаролот на Кремљ додаде и дека Русија сепак разбира дека Белград е под невиден притисок и дека ситуацијата таму не е лесна.
Гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, остро реагираше на најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската унија, без оглед каде таа ќе заврши.
– Последно што сакаме е оружјето произведено во нашата братска Србија да се користи против нашите војници. Тоа е последното што сакаме да го видиме – изјави Песков за руските новинари.
Песков додал дека Русија разбира дека Белград е под невиден притисок и дека ситуацијата таму не е лесна.
– Разбираме со какви проблеми се соочуваат Србите.
Во мај годинава, руската надворешна разузнавачка служба изрази „длабока болка“ поради тоа што Србија, како што тврдат, го снабдува Киев со оружје. По тие обвинувања, Вучиќ најави дека ќе го суспендира извозот на муниција.
Спеак, пред неколку дена, српскиот лидер Александар Вучиќ претходно за германскиот магазин „Цицеро“ изјави дека складиштата на српската армија се преполни, особено со минофрлачки гранати, и отворено кажа дека купувачите од Европа „ќе можат да прават со муницијата што сакаат“.