ПЕШИЌ ЈА ОТКРИ ПРИЧИНАТА ЗА РЕЗУЛТАТОТ НА СРБИЈА НА ЕВРОБАСКЕТОТ Јовиќ и Јокиќ ги фатил вирус?

Јовиќ ми рече дека му е подобро и дека ќе игра. Јокиќ, пак, дури и кога боли, никогаш нема да каже. Тоа е човек што може да издржи сè, вели доскорешниот тренер на кошаркарската репрезентација на Србија.

468

Светислав Пешиќ, поранешниот селектор на Србија, конечно проговори за елиминацијата на неговиот тим од Евробаскетот и за невидливиот непријател што го урна сонот за медал, јави „Недељник“. Тој ги отфрлил гласините за кавги и за недисциплина во тимот.

– Сè започна добро, одлични подготовки, одличен почеток – кажа Пешиќ. Но веднаш потоа следеле удари што не можел да ги предвиди. Повредата на Богдан Богдановиќ, како што објаснил, ја сменила целата динамика во екипата. Играчите сами ја почувствуваа одговорноста, не мораше да им кажувам ништо, знаеја што изгубивме.






Меѓутоа, на мечот со Турција го погодила нова несреќа. Играчот Аврамовиќ се здобил со повредад уште во првите минути.

– Тој е нашата одбрана, срцето на тимот. Без него, енергијата се губи – истакна Пешиќ. Потоа излегол и Вукчевиќ, а Гудуриќ играл наизменично, половина здрав, половина повреден. Еден тренинг може, друг не може – раскажал селекторот, додавајќи дека ротацијата им се стеснила до болка.

Но, вистинскиот удар дошол кога во тимот се разболеле од вирус. Пешиќ опишал дека утрината на појадок ги немало Јокиќ и Јовиќ.

– Прашувам каде се, професорот Радовановиќ ми вели – болни се. И тоа не се обични симптоми. Температура, замор, немоќ. Некои не можеа ни да станат од кревет – објаснил Пешиќ.

Во хотелот, додал тој, тренерот на Летонија му рекол: „Нè фати некаков вирус“. Следниот ден половина српска делегација добила инфузии трипати дневно. Храната им ја носеле во собите, а тренингот бил невозможен.

– Јовиќ ми рече дека му е подобро и дека ќе игра. Јокиќ, пак, дури и кога боли, никогаш нема да каже. Тоа е човек што може да издржи сè – вели Пешиќ.

 

Поврзани содржини