Пешевска: Жените мора да добијат уште поголема улога во градење на општеството

338

Жените веќе 70 години имаат заштитени права согласно донесените уредби од Обединетите Нации, но тоа не значи дека жените се сразмерно етаблирани и вклучени во општеството, а тоа не смее да се дозволи, рече претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска во гостување  во вестите на Сител .

– Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ како организација во која членуваат само жени, се бори за правата на жените и секојдневно се вклучува во работата и одлуките кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесува – истакна Пешевска.






Во однос на случајот со „Јaвна соба” Пешевска потенцираше дека одделението за сајбер криминал мора да реагира согласно нивните расположливи средства, бидејќи доколку се дозволуваат вакви случаи и во иднина, Македонија ќе стане место каде детската порнографија ќе демне насекаде, а жртва ќе бидат нашите деца.

– Институциите мора да бидат ревносни при работата и да донесуваат одлуки согласно реалните докази кои се приложени, а потоа сите оние кои што се обидуваат на таков начин да ги омаловажат и дискредитираат жените, да одговараат кривично пред законот и да сносат последици – вели Пешевска.

– Изминатите години бевме сведоци на случаи каде што жена беше претепана, а напаѓачите добија мали казни кои се безначајни во однос на направеното дело, како и оној случај каде што пајак за возила „удри” жена, а законот не постапи како што треба. Оттука треба да се прати порака дека такви работи не смеат да се случуваат, без разлика на кого се однесуваат и кој е жртвата. Жената е жена и заслужува почит и заштита – смета Пешевска.

 

Поврзани содржини