Пешевска: Пописот е политички договор на власта, затоа го туркаат и во вака лоша епидемиолошка слика од корона

И во ваква една ситуација владеачкото мнозинство на законите става европско знаменце или ги пушта во скратена постапка. Тие не се грижат да има добар закон за граѓаните, тие сакаат закони по мерка на нивните интереси - рече Пешевска. 

4,920

Власта покажа дека не се грижи за граѓаните во корона пандемијата. Од стартот на пандемијата нема заштитна опрема, нема болнички кревети, нема лекови, на периоди нема ни тестови, а сега кога сите вакцинираат од декември минатата година кај нас нема ни вакцини, рече Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисјата „Филибастер“ на радио Лидер.

Пешевска се осврна и на фактот што Македонија немаше пристап до европксите пари за помош за справување со полседици од короната.






– Не го исполнивме ниту условот да се искористат и средствата од солидарниот фонд на ЕУ. Замислете не се потрошиле доволно средства за заштита на најзложените медицинските лица, за граѓаните, за нивно лекување. Или од Буџет од 4 милијарди евра за борба против корона искористени се само 7 милиони евра – рече Пешевска.

Пешевска рече дека во ситуација кога има ваква епидемиолошка состојба власта не се откажува од попис.

– На оваа епидемиолошка состојба власта не реагира што покажува дека пописот е политички договор. Нив не ги интересира здравјето. Лицата кои ќе бидат дел од пописот се потенцијално нов кластер, зарем ни треба сега нов кластер?! Во ваква ситуација не се одржува попис и сега развиените држави со развиени економии одложуваат пописи – рече Пешевска.

Пешевска кажа дека Собранието е нефункционално, бидејќи мнозинството не е стабилно.

– И во ваква една ситуација владеачкото мнозинство на законите става европско знаменце или ги пушта во скратена постапка. Тие не се грижат да има добар закон за граѓаните, тие сакаат закони по мерка на нивните интереси – рече Пешевска.

Поврзани содржини
na