ПЕШАК ПРЕГАЗЕН НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ Маж со тешки повреди пренесен во болница

56-годишен маж пренесен во болница со тешки повреди по удар од товарно возило.

529

Педесет и шестгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако бил прегазен од товарно возило на булеварот Борис Трајковски во Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 14:30 часот, кога „фолксваген кеди“ со скопски регистарски таблички, управуван од 21-годишен возач од Скопје, удрил во пешакот.






Повредениот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото на несреќата излегла полициска екипа која извршила увид, а се утврдуваат причините за сообраќајката.

Поврзани содржини