Пешак почина на патот Тетово – Јажинце

210

На регионалниот пат Тетово-с.Јажинце вчера непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од селото Дебреше, по што возилото го напуштило местото, а пешакот починал на место на незгодата.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти МВР.






Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини