ПЕШАК И КУЧЕ УДРЕНИ НА УЛИЦА ВО БИТОЛА Човекот со тешки повреди, миленикот починал на лице место
45-годишен маж и неговото куче беа прегазени на крстосница, откако возач со „Пежо“ изгубил контрола и удрил во нив. Пешакот е тешко повреден, а животното не преживеало.
Тешка сообраќајна несреќа се случи во вчера навечер во Битола, кога 45-годишниот Ѓ.Х. од Битола и неговото куче беа удрени од автомобил, при што човекот се здоби со тешки телесни повреди, а миленикот загина на самото место.
Несреќата се случила на крстосницата од улиците Партизанска и Север Југ, околу 18:26 часот, кога патничко возило пежо со битолски регистарски таблички, управувано од Г.М. (49) од Битола, удрило во пешакот и неговото куче кои во тој момент преминувале улица.
Пешакот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди, но засега е надвор од животна опасност. За жал, кучето не можело да биде спасено и починало веднаш по ударот.
Од Секторот за внатрешни работи Битола потврдија дека увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа, а за случајот е известено и јавниот обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен извештај против возачот.