Пешак на возраст од 50 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа што утрово се случила во центарот на Скопје, на крстосницата меѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Аминта Трети.
„Oколу 07:15 часот, патничко возило од марка „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 37-годишниот А.Б. од Скопје, удрило во пешакот И.Н. (50), исто така од Скопје. Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде биле констатирани повредите“, информира Министерството за внатрешни работи.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а за случајот бил известен и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
Причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.