Перо Камиказа: Кога јас бев во војска…
Со дозвола на Петар Георгиевски ја објавивме неговата војничка приказна од ЈНА и ве прашуваме: Дали знаете за што зборуваат денес мажите додека жените прераскажуваат како се породиле? И дали одењето во војска било навистина добра „школа“?
Додека на жените никогаш нема да им здодее да го прераскажуваат своето породување, на мажите, на оние од генерациите кои ги фатило служењето војска во поранешната војска на поранешната држава, поточно, во ЈНА, нема да им здодее да ги раскажуваат своите војнички приказни. Оние пак кои не биле, раскажуваат како успеале да се извлечат.
Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, е урбан скопски лик, дел од македонската музичка историја, актер, а последниве години и тркач-маратонец и дел од индустријата за организирање настани. Тој е по нешто и од двете. Ем пробал да ескивира, ем не успеал, па служел војска.
Новите генерации, и машките и женските, веројатно постојано раскажуваат за своите доживувања од „Ворк енд травел“.
Како и да е, Перо Камиказа ја објави својата војничка приказна на Фејсбук и по малку носталгично призна дека се што направил понатаму во животот ѝ го должи на оваа „школа“!
„Криво ми е што син ми и генерациите по нас не го поминаа ова драгоцено искуство. Но, што е тука е!“, вели Перо.
Неговата приказна а пренесуваме во целост на порталот „Мајка и дете“.