Перили го донесе првиот медал за Сан Марино на Олимпијадите!

Перили го освои првиот медал во историјата на Олимписките Игри за Сан Марино завршувајќи третопласирана во финалната серија во дисциплината трап 125.

180

Репрезентативката на Сан Марино во стрелаштво Алесандра Перили испиша денеска историја на Игрите во Токио освојувајќи го првиот олимписки медал за својата земја.

Перили го освои првиот медал во историјата на Олимписките Игри за Сан Марино завршувајќи третопласирана во финалната серија во дисциплината трап 125, во која со 45 погодени мети и нов олимписки рекорд триумфираше Зузана Рехак – Стефечкова од Словачка. Сребрениот медал и припадна на Американката Кајли Браунинг.






Во истата дисциплина во машка конкуренција, златниот и сребрениот медал го освоија репрезентативците на Чешка, Јиржи Липтак и Давид Костелцки, додека бронзата му припадна на Британецот Метју Кауард – Холи.

Поврзани содржини