ПЕПСИ ЌЕ ГИ СЕФТОСА КАМИОНИТЕ НА ИЛОН МАСК Хибридите имаат опсег од 805км на едно полнење

Има и други кандидати за камионите на Илон Маск. Производителите на сода „Маунтен ду“ и на чипсот „Доритос“ претходно изјавија дека имаат за цел да ги користат камионите за испорака на грицки и на пијалоци меѓу своите производствени и дистрибутивните центри, како и до помалите трговци.

322

Електричниот камион „Семи“ на компанијат „Тесла“ ќе биде сефтосан на 1 декември од страна на компанијата „Пепси“, се пофали најбогатиот човек на светот на Твитер. Не е јасно колку камиони ќе бидат доставени. Камионите имаат опсег од 805 километри на едно полнење, ќе чинат 180.000 долари, а ако на Пепси му се посреќи, ќе може да искористи субвенција за даночно олеснување од 40.000 долари одобрена од американскиот Сенат, пишува Ројтерс.

 






Пепси ги нарача првите 100 полуелектрични автомобили уште во 2017 година, пробувајќи да ги намали трошоците за гориво и загадувањето што тоа го предизвикува. Според главниот шеф, Рамон Лагуарта, 10 отсто од емисиите на штетни гасови на „Пепси“ се предизвикани од транспортот со камиони.

Има и други кандидати за камионите на Илон Маск. Производителите на сода „Маунтен ду“ и на чипсот „Доритос“ претходно изјавија дека имаат за цел да ги користат камионите за испорака на грицки и на пијалоци меѓу своите производствени и дистрибутивните центри, како и до помалите трговци.

Поврзани содржини
na