ПЕПЛОСАНИ ПЕТ ВОЗИЛА Пожарот кај стариот полигон зафатил и шесто возило

552

На улицата Лазар Личеновски во Скопје вчера во 13.25 часот на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар при што горела сува трева.

Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ сопственост на М.Т.(19) од населбата Илинден, Скопје, „тојота“ сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ сопственост на Б.Б.(42) од Скопје, информира МВР.






Исто така, од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини