ПЕНЗИОНЕРКА ОСТАНА БЕЗ 232.000 ДЕНАРИ Скопјанка измамена со приказна дека ќерка ѝ прегазила дете во странство

Според нејзината пријава, таа била повикана од непознато машко лице кое ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во странска држава, при што прегазила дете. Лажниот повикувач ѝ рекол дека, доколку сака нејзината ќерка да не оди во затвор, треба да плати одредена сума на пари.

1,107

88-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека станала жртва на измама, при што и била одземена сума од околу 232.000 денари. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен вчера во 14:30 часот во СВР Скопје.

Според нејзината пријава, таа била повикана од непознато машко лице кое ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во странска држава, при што прегазила дете. Лажниот повикувач ѝ рекол дека, доколку сака нејзината ќерка да не оди во затвор, треба да плати одредена сума на пари.






„Исплашена и вознемирена, жената се согласила да му ги предаде парите на лицето со кое се договорила, верувајќи дека помага на ќерка ѝ. Подоцна, откако сфатила дека станува збор за измама, случајот го пријавила во полиција“, велат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Поврзани содржини