Вивијан Канингам е пензионерка, мајка, баба и прабаба, а неодмна на 78 години завршила факултет.
– Бев запрепастена. Навистина се чувствував прекрасно. Единствено што можам да кажам е дека бев возбудена. Добро е чувството дека сте го поминале тој образовен процес – вели таа.
Таа во минатиот викенд дипломирала на Универзитетот Самфорд во Бирмингем во државата Алабама и така си ја исполнила својата голема желба. Поминала шест години студирајќи либерални студии, а во саботата по повеќегодишниот труд излегла на бината и ја примила дипломата пред своето семејство.
– Следете ги своите соништа, не дозволувајте никому да ви каже дека тоа не можете да го направите. Продолжете да се трудите – порачала Вивијан.
Таа поминала 29 години работејќи како чувар, а подоцна била и шефица на курирското одделение во една компанија во Алабама. Се пензионирала во 1992 година. По дипломирањето, сега размислува да се запише и на магистерски студии.