ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЗАДОВОЛНИ ШТО ЌЕ МОЖАТ РЕГУЛИРАНО ДА РАБОТАТ Партијата на пензионери целосно го поддржува законот за работно ангажирање лица
Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и фактот дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите се губитници, донесување вакво законско решение е голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација, соопшти Партијата на пенионерите.
Партијата на пензионери во потполност ја поддржува Владата во врска со најавата на премиерот Христијан Мицкоски за донесување на законот за работно ангажирање лица, со кој ќе се регулира работниот ангажнамна студентите и пензионерите во формалната економија, соопшти партијата.
„Напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала вакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на оние лица кои се пензионери и студенти. Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите, но и самата држава беа губитници, донесување вакво законско решение ќе претставува голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација. Овој закон ќе го подобри скромниот студентски стандард на сите студенти и ќе биде искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите“, соопшти Партијата на пензионерите.
Партијата, се додава со соопштението, посебно го поздравува фактот што новиот закон има поддршка и од парламентарната опозиција, што дополнително му дава значење.
„Со ова законско решение дефинитивно ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија, со што уште еднаш потенцираме дека ја има потполната поддршка од страна на Партијата на пензионери“, се вели во оопштението.
Со законот се предвидува дека земјоделците, угостителите, хотелиерите, како и домаќинствата ќе можат да вработуваат работници за извршување сезонски или повремени работи само ако овие лица ги пријават во Агенцијата за вработување и ги плаќаат даноците и придонесите поврзани со нивното вработување. Како сезонски работници можат да работат студенти, пензионери, невработени лица, корисници на социјална и друг вид помош без да ги изгубат правата на стипендија, старосната и семејната пензија, како и надоместокот за невработеност и за социјална заштита.