ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПОВИКУВААТ НА ПРОТЕСТ Ќе бараат оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери
Пензионерите, како што информираат, доставиле барање за покренување финансиска истрага за работењето н Здружението до Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција.
Пензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе кои лани протестираа и бараа линеарно покачување на пензиите, повикуваат на масовен протест на 3-ти септември во Скопје, на кој ќе побараат оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженијата на пензионери, Станка Трајкова, објави ТВ Сител.
Тие сметаат дека Трајковска која е за процентуално зголемување на пензиите, ги изневерила нивните интереси, а пензионерите со минимални примања ги оставила без средства за гола егзистенција.
Пензионерите, како што информираат, доставиле барање за покренување финансиска истрага за работењето на Сојузот до Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција.
На протестот ќе бидат побарани и измени на Закони во делот на зголемувањето на пензиите како и на постапката за избор на претседател на Здружението на пензионери.