ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КАВАДАРЦИ И ОД НЕГОТИНО ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА Апелираат да им се приклучат и другите незадоволници

Од Иницијативниот одбор на незадоволни пензионери од Неготино повикаа на протестите да им се придружат и лозари, земјоделци, судски работници и сите други револтирани и незадоволни од економската состојба во која се наоѓаат. 

55

Незадоволни пензионери од Тиквешко протестираа денеска на градските плоштади во Неготино и Кавадарци, барајќи подобар пензионерски живот.

Како што информираа од иницијативните одбори на револтирани пензионери, разочараните пензионери и понатаму ќе продолжат преку мирни протести да алармираат за нискиот стандард во третото доба.






Од Иницијативниот одбор на незадоволни пензионери од Неготино повикаа на протестите да им се придружат и лозари, земјоделци, судски работници и сите други револтирани и незадоволни од економската состојба во која се наоѓаат.

– Молиме за масовност. Колку сме погласни, повеќе ќе не слушнат – повикаа пензионерите, повторувајќи ги барањата, линеарно зголемување на пензиите за по 5.000 денари, минималната пензија да биде 20.000 денари.

Тие нагласија дека со мирни протести и блокади, сакаат да се слушне нивниот глас и да алармираат за нивните пензионерски проблеми.

Незадоволни пензионери веќе извесно време мирно протестираат во одредени денови, барајќи подостоинствен живот.

– Не отстапуваме од нашите барања за подобар живот во третото доба – нагласи Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор од Кавадарци.

Поврзани содржини