ПЕНЗИОНЕРИ СТАНУВААТ ЖРТВИ НА НОВА ИЗМАМА Лажни инспектори ги мамат граѓани, еве како да се заштитите

Граѓаните, особено повозрасните лица, се повикуваат на внимателност и секогаш да ја проверуваат веродостојноста на ваквите тврдења пред да преземат било какви чекори“, додаваат од МВР.

433

Министерството за внатрешни работи алармира за нов бран на измами насочени кон повозрасни граѓани, при што сторителите се претставуваат како полициски службеници и бараат пари од жртвите под лажни изговори.

„Во изминатиот период, во МВР биле пријавени повеќе случаи на кривичното дело „измама“, при што измамниците ги доведувале во заблуда жртвите преку телефонски повици. Тие најчесто се јавуваат на фиксен телефон, но има случаи и на повици од мобилен број со скриена идентификација. Во разговорот, лажно се претставуваат како полициски службеници и тврдат дека нивни блиски (деца или внуци) биле инволвирани во тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. За да ги ослободат од кривичен прогон, бараат итна исплата на финансиски средства“, велат од полицијата.






Дополнително, за да ја зголемат убедливоста, во позадина на повикот се слуша глас кој лажно бара помош, што ги прави измамите уште поопасни.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека веќе презема мерки за расчистување на овие случаи и апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви обиди за измама. Од полицијата потенцираат дека никогаш не бараат пари од граѓаните преку телефонски повик и дека доколку некој биде контактиран на ваков начин, веднаш треба да пријави во најблиската полициска станица.

„Граѓаните, особено повозрасните лица, се повикуваат на внимателност и секогаш да ја проверуваат веродостојноста на ваквите тврдења пред да преземат било какви чекори“, додаваат од МВР.

Поврзани содржини