Пензиите во јануари ќе пораснат: Минималната за 135, а просечната за 185 денари

Шахпаска зборуваше и за реформата во пензискиот систем со кои во пензија ќе се оди со 15 години стаж и 64 години старост.

1,850

Со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето, што значи зголемување на минималната пензија за 134 денари, а на просечната за 185 денари месечно, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во емисија на ТВ 24.

– На годишно ниво тоа е е околу 2 200 денари. Вакво усогласување со трошоците за живот пензионерите ќе добиваат два пати во годината и дополнително со растот на бруто домашниот производ, како трет механизам – рече Шахпаска.






Шахпаска зборуваше и за реформата во пензискиот систем со кои во пензија ќе се оди со 15 години стаж и 64 години старост.

– Во собраниска процедура се 4 закони: за работни односи, за јавна администрација, за здравствена заштита и за вработени во високото образование. Сите тие се дел од пакетот закони кои што предвидуваат пензионирање со 64 години возраст и 15 години работен стаж, предложени од пратениците. Конкретно за Законот за работни односи има поднесено 480 амандмани, а најголем број од нив се однесуваат на тоа кога да се почне со имплементација на законското решение – рече Шахпаска.

 

Поврзани содржини