ПЕНЗИИТЕ СТАСАА ВО БАНКИТЕ Која група кога ќе ги подига парите?

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска.

557

Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2021 година (понеделник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2021 година (вторник); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2021 година (среда); и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.12.2021 година (четврток) – велат од  МТСП.






Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

 

Поврзани содржини