ПЕНЗИИТЕ ОД ДЕНЕСКА НА СМЕТКА НА КОРИСНИЦИТЕ Етапната исплата ќе се реализира до петок
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, порачуваат од МТСП, со парите можат да располагаат од денеска.
Етапната исплата на октомвриските пензии почнува од денеска, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
„Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година; за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.10.2021 година; за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.10.2021 година; и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.10.2021 година“, соопшти МТСП.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, порачуваат од МТСП, со парите можат да располагаат од 26 октомври.
-Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи – велат од МТСП.