ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА УШТЕ 2000 ДЕНАРИ Првото покачување во септември, второто во март

Премиерот Мицкоски најави двојно линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари оваа есен и следната пролет, како дел од планот на Владата пред локалните избори.

1,110

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5 најави значително линеарно зголемување на пензиите во следните шест месеци, како одговор на барањата од пензионерите.

Според Мицкоски, Владата работи на анализа за зголемување на пензиите по 1.000 денари оваа есен и уште 1.000 денари на пролет, што ќе значи вкупно дополнителни 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредниот период.






– Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колку би било процентуалното зголемување, колкав би бил волуменот на парична маса, и како тоа да го поделиме меѓу пензионерите. Зголемувањето ќе биде 1.000 денари во октомври, а дополнителни 1.000 денари во април. Ова мора да се случи пред распишувањето на изборите, преку закон со скратена постапка или иницијатива од пратеници – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека линеарното зголемување е најчестото барање што го добива од пензионерите ширум земјата и дека Владата е многу блиску до носење на конечна одлука.

Поврзани содржини