ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ КАЧУВААТ СПОРЕД ЗАКОНОТ Ќе биде подобро и за лицата со попреченост, ѝ одговори Велковски на Тренчевска

Ќе бидат исплатени тие пензии и во 2026 и во 2027 година и понатаму и ќе има покачувања согласно законските прописи. Граѓаните нека бидат мирни, одговори заменик-министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски на пратеничко прашање на Јованка Тренческа од СДСМ, која тврди дека во буџетот на министерството немало пари за трансфер до Фондот за пензиско.

317

Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември, сето тоа се лаги, пензиите ќе бидат исплатени и тоа скоро ќе се види, рече денеска заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во одговор на пратеничко прашање на Јованка Тренческа од СДСМ.

– Ќе бидат исплатени тие пензии и во 2026 и во 2027 година и понатаму и ќе има покачувања согласно законските прописи. Граѓаните нека бидат мирни – рече Велковски.






Заменик министерот потсети дека владите на СДСМ не работеле на зголемување на пензиите, а дека пензиите што изнесувале 14.000 денари, сега се 20.000 денари, а тие што имале 20.000 сега имаат 26.000 и имаат достоинствен живот.

Тренческа рече дека во буџетот на Министерството за социјална политика немало пари за трансфер до Фондот за пензиско за исплаќање на пензиите во декември и праша од каде ќе бидат обезбедени потребните средства.

Во врска со линеарното покачување на пензиите, Велковски рече дека пензиите се усогласуваат по две компоненти – инфлацијата и трошоците на живот.

– Многу добро треба да знаете дека пензиите се усогласуваат по две компоненти – инфлацијата и трошоците на живот во Македонија. Не во Франција, не во Швајцарија, не во Австралија, туку во Македонија – рече Велковски, додавајќи дека треба да се запраша колку време трае проверката на пензиите на пример од Франција, за да добијат минимално покачување.

Крајната цел е, потенцира Велковски, и така е направен и законот, дека тие што се тука во земјава треба да добијат покачување на нивните пензии.

– Ние се грижиме за сите граѓани, но оние што се тука во Македонија треба да добијат покачување на нивните пензии. Се грижиме за сите граѓани, но оние што се тука во Македонија се приоритетни, а секој еден од нив придонесува за ова општество, и ние треба да се грижиме за секој еден од нас – рече заменик министерот.

За тоа дека дали ќе ја почитуваат одлуката на Комисијата за спречување на дискриминација во однос на тужбите, рече дека секоја одлука на судот Министерството ќе ја почитува максимално.

Тренчевска праша и за зголемување на посебниот додаток за лицата со попреченост, на што Велковски рече дека се грижат за овие лица и дека животот за нив ќе биде многу подобар во периодот што следува.

Поврзани содржини