ПЕНТАГОН ВМЕШАН ВО ПРОГРАМАТА ЗА УКРАИНСКИ БИОЛАБОРАТОРИИ? Руски истражител тврди дека проектот чинел 224 милиони долари
Резултатите од наведеното истражување беа најдени на територијата под контрола на Киев пред почетокот на специјалната воена операција (на Русија), рече Бастрикин, додавајќи дека неговата агенција ќе продолжи да ги проучува документите за ова прашање.
Претставници од американското Министерство за одбрана биле вклучени во програмата за отворање 30-тина биолаборатории во Украина, вредна 224 милиони долари, вели шефот на рускиот Истражен комитет, Александар Бастрикин за РусијаДенес. Според најновите информации од руската страна, Пентагон бил вмешан, а програмата датира уште од 2005 година.
– Анализата на добиените документи ни овозможи јасно да ги идентификуваме луѓето вклучени во воените биолошки активности во Украина, вклучително и претставници на американското Министерство за одбрана и американски компании кои се поврзани со неа – рече Бастрикин.
Тој додаде и дека со биолабораториите управувале министерствата за одбрана, здравство и земјоделство на Украина.
– Резултатите од наведеното истражување беа најдени на територијата под контрола на Киев пред почетокот на специјалната воена операција (на Русија) – рече Бастрикин, додавајќи дека неговата агенција ќе продолжи да ги проучува документите за ова прашање.
Во март, Москва тврдеше дека нашла докази дека САД финансирале истражување за биолошко оружје во Украина. Вашингтон и Киев го негираа ова тврдење и ја обвинија Русија дека води кампања за дезинформација.
Високиот американски дипломат Викторија Нуланд тогаш изјави дека Вашингтон работи со Украина за да спречи истражувачки материјали да паднат во рацете на руските војници.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, во меѓувреме, ги повика САД „да дадат целосен отчет за своите биолошки воени активности дома и во странство и да бидат подложени на верификација на повеќе нивои“.