ПЕНТАГОН РАСПОРЕДУВА НОВО ОРУЖЈЕ ВО ВСЕЛЕНАТА Почнува пресметка со Русија на сите фронтови

Буџетот на Пентагон за фискалната 2024 година се проценува на 33,3 милијарди долари, што е за 13% повеќе од лани. Централно место во новата стратегија има и проширувањето на можностите за електронско војување и заштита во сајбер просторот, се посочува во написот објавен во Вашингтон тајмс.

611

Пентагон ќе развива и распоредува ново оружје во вселената за борба против руските и кинеските вселенски сили, се наведува во новиот стратешки извештај, пишува Вашингтон тајмс.

„На Пентагон му е потребна заедничка воена вселенска способност за да ги заштити сопствените сили, како и сојузниците и партнерите, од непријателска употреба на просторот“ – се вели во публикацијата базирана на извештајот од Пентагон.






Во моментов американската војска заостанува зад Москва и Пекинг во областа на вселенското оружје, пишува Вашингтон Тајмс.

Единственото познато оружје во служба на новите американски вселенски сили е електронски блокатор кој може да го попречи преносот на сигнали помеѓу копнените станици и сателитите. Други видови американско вселенско оружје, според некои извори, се во развој, но остануваат скриени во строга тајност, истакнуваат авторите.

Буџетот на Пентагон за фискалната 2024 година се проценува на 33,3 милијарди долари, што е за 13% повеќе од лани, се наведува во објавата.

Централно место во новата стратегија има и проширувањето на можностите за електронско војување и заштита во сајбер просторот, се посочува во написот.

Претходно, Константин Воронцов, заменик директор на Одделот за непролиферација и контрола на оружјето на руското Министерство за надворешни работи, рече дека ризикот од претворање на космосот во отскочна даска за војна се зголемени, бидејќи САД и нивните сојузници преземаат чекори за зголемување на присуството на оружје во вселената.

Според Воронцов, САД не престануваат да се обидуваат да го направат космосот нова арена на ривалство и конфликт меѓу државите, а Москва и Пекинг се идентификувани како главни противници. Тој додаде дека Русија, заедно со другите земји се залага за спречување на трка во вооружување во вселената.

Поврзани содржини