ПЕНОВ Е ЧОВЕКОТ ШТО ГИ РАСПРОДАДЕ ГТЦ, СКОПСКИ ПАЗАР, ТОПЛИФИКАЦИЈА… Од ВМРО-ДПМНЕ ги набројуваат „успесите“ на бившиот градоначалник

Во времето кога Пенов е градоначалник, се прави најголемиот грабеж на добрата со кои располагаше Градот, каде целосно се приватизирани Топлификација, Градски аптеки, ГТЦ со сите дуќани, Скопски пазари..., наведуваат од ВМРо-ДПМНЕ.

751

СДСМ го допреа дното со поставување стар и истрошен транзициски лик како Ристо Пенов за министер за локална самоуправа, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина не знаеме на што да сме позачудени, дали во изборот на овој стар транзициски истрошен кадар, или пак на смешните обиди на дел од провладините портали кои се обидоа да го величат ликот и делото на Пенов. Во овие смешни текстови, кои симултано се појавија на повеќе портали, тие Ристо Пенов го карекреризираат како успешен градоначалник, со измислена титула на татко на современата функционалност на Скопје’, за понатаму да наведат 3-4 проекти по кој (според нив) придонеле за развојот на Скопје.






Во овие смешни пофални текстови, за Ристо Пенов, човек кој беше градоначалник на Скопје во 2 мандата и во траење од 9 години (1996-2005), поради неговата добро позната за скопјани неспособност, едвај успеаја да набројат грст проекти по кој бил пофален.

Меѓу нив, со целата дрскост ја набројуваат и изградбата на плоштадот Македонија во негово време. За мало потсетување, реконструкцијата на плоштадот Македонија, за која сега го фалат Пенов, беше проект кој беше следен со многу контроверзии и криминали, каде стариот плоштад се уништи и замени со прескапите босански плочки кој засекогаш го сменија изгледот на Скопје.

Вториот проект со кој во овие текстови го фалат е и изградбата на улицата Водњанска, проект кој до ден денес е симбол за неспособноста на Ристо Пенов. Булевар кој завршува во приватен дом и ја прави една од најтесните грла во Скопје, место каде скопјани секој ден се сведоци на километри колони со возила и метеж“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека сакаат да даде свој „придонес“ кон објавите кои го величат ликот и делото на Пенов, и ги набројуваат сите работи кои Пенов ги направил, а на биле спомнати во пофалните текстови.

„Скопје е целосно распродаден град во време на градоначалникот Пенов. Во времето кога Пенов е градоначалник, се прави најголемиот грабеж на добрата со кои располагаше Градот, каде целосно се приватизирани Топлификација, Градски аптеки, ГТЦ со сите дуќани, Скопски пазари… Сите овие добра, кои беа на располагање на Градот Скопје, во овој период се даваат за багателни цени за привилигираните функционери на СДС, а Скопје е оставено без никакви ресурси за негов понатамошен развој.

Ристо Пенов е човекот кој со неговата неспособност и сомнителни тендери сериозно го оштети Камениот мост, симбол на Скопје. За време на реконструкцијата, поради неквалитетната изработка во летото во 2002 година во водите на Вардар се урна Стражарската кула. Пред неколку години, во должина од 30-на метри се распукаа новите плочи од травертин, кој при овој зафат на Пенов ја заменија старата коцка.

Покрај асистирање во грабежот на државните и градските добра, во времето кога Пенов е градоначалник нема тендер за кои нема големо сомневање за корупција и криминалните дејствија.

Во време на Ристо Пенов оставени целосно се руинирани јавните градски претпријатија, каде истите се финансиски руинирани, со стара нефункционална механизација и возен парк, со екстремна превработеност…

Градската инфраструктура е целосно запоставена, Скопје е без соодветна сообраќајна инфраструктура, премал процент на атмосферска канализација, паркови и велосипедски патеки…“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини