ПЕНОВ ЌЕ Ѝ ЈА ЗЕМЕ УНИВЕРЗАЛНА НА ДАНЕЛА? Реконструкцијата со години тапка во место

Доколку градоначалничката не сака да ги предаде ингеренциите, тогаш Владата може да ја одземе со прогласување на Универзалната сала за објект од национален интерес.

607

Владата ќе му ги одземе на Град Скопје ингеренциите за Универзална сала и ќе ја продолжи реконструкцијата, тврди порталот Сдк.мк.

На последната владина седница била донесена одлука Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжува реконструкцијата почната од нејзиниот претходник Петре Шилегов и објектот една година стои разурнат. Парите за реконструкција од 1,9 милиони евра се обезбедени од Владата.






За денеска на оваа тема бил закажан состанок во Град Скопје меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска. Доколку Арсовска не се противи Министерството да ја презема концертната сала, тогаш ќе се донесе одлука за преземање која треба да ја усвои Советот на Град Скопје. Но, доколку градоначалничката не сака да ги предаде ингеренциите, тогаш Владата може да ја одземе со прогласување на Универзалната сала за објект од национален интерес.

Универзалната сала стои разурната и нејзината реконструкција е запрена со месеци, иако парите за неа се обезбедени. Градоначалничката Арсовска пред Универзална сала даде изјава со која ги обвини проектантите и претставниците од Асоцијацијата на архитекти дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

Поврзани содржини