ПЕНДИКОВ ЗАБЕЛЕЖАН ВО ТОЛПАТА НА ЏАМБАСКИ ВО СОФИЈА Охриѓанецот беше присутен при упадот во Народниот театар

Христијан Пендиков, кој беше претепан на кејот во Охрид минатиот јануари, е забележан во толпата која упадна во Народниот театар во Софија на 7 ноември.

935

Христијан Пендиков, чие претепување во Охрид предизвика тензии меѓу Македонија и Бугарија е забележан во насилниот упад во Народниот театар во Софија на 7 ноември. Тој е во толпата предводена од контроверзниот европратеник Александар Џамбаски која протестираше поради претставата „Оружјето и човекот“ на Џон Малкович.

Демонстрантите тврдеа дека претставата правена по текст на Џорџ Бернард Шо ги навредува бидејќи ги претставува во лошо светло бугарските војници во бугарско-српската војна од 1885 година.






Драмата ги исмејува национализмот и империјализмот. Се раскажува за судбината на еврејско семејство и има трагичен крај.

Лани на 19 јануари минатата година лучајот со Пендиков предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Инцидентот се случи пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид, а уште ја чека својата судска разврска.

Пендиков беше секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

По инцидентот тој беше пренесен на лекување во Бугарија и доби бугарски пасош лично од тогашната потпретседателка на Бугарија на свечена церемонија која се пренесуваше во живо.

 

Поврзани содржини