📽 ПЕНДАРОВСКИ ЗАМАВНА СО ЧЕКАНОТ Претседателот поправаше стар копач
Претседателот Стево Пендаровски добиваше инструкции да удри посилно за да се заврши работата како што треба.
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, на својот Фејсбук профил објави видео како заедно со мајсторот Мијалче Нушев од Кратово поправаат стар копач.
Пендаровски добиваше инструкции да удри посилно за да се заврши работата како што треба.
„Еден од малкутемина занаeтчии во Кратово е ковачот Мијалче Нушев. Занаетот го наследил од неговиот татко. Во работилницата речиси две децении е сосема сам. Младите не сакаат бидат занаетчии. Работа нема многу, но имам голема желба да ја одржам традицијата“, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Видеото може да го погледнете ТУКА.