Пендаровски: Ќе влеземе во длабока криза ако немаме избори

Ако не се договориме за изборен процес, тоа ќе значи влез во длабока криза. Евентуалната правна и политичка криза може да прерасне во безбедносна, истакна Пендаровски на денешната прес-конференција.

415

Јас знам дека најголемиот број граѓани воопшто не размислуваат за избори во период кога има пораст на заразени од ковид-19, но сепак, избори во време на корона се неопходни за да добиеме парламент, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција.

Тој ги повика лидерите на политичките партии уште денеска да се сретнат и да разговараат за датумот за одржување на изборите.






– Имав комуникација со лидерите на политичките партии и можам да кажам дека власта и опозицијата се согласни дека изборите треба да ги надгледува ОБСЕ-ОДИХР, како и дека се потребни посебни протоколи за безбедно гласање. За жал, власта и опозицијата не се согласуваат за датумот на изборите. Предупредувам за потенцијална опасност и непожелен развој на настаните. Говорот на омраза ги продлабочува разликите, од март се наоѓаме во комплексна здраствена криза, а поради тоа што Собранието е распуштено, имаме елементи за уставно-правна криза. Ако не се договориме за изборен процес, тоа ќе значи влез во длабока криза. Евентуалната правна и политичка криза може да прерасне во безбедносна. Упатувам јавен повик до Зоран Заев и до Христијан Мицкоски да седнеме уште денеска и да најдеме излез од оваа ситуацијса со ставање на државните интереси над личните. Во спротивно, само ќе ја отвориме вратата на уште една голема криза и ќе ги поткопаме нашите напори да излеземе на крај со пандемијата – истакна Пендаровски.

Поврзани содржини