Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев денеска им се јавија на фудбалерите на македонската репрезентација со желби за успех на натпреварот со Грузија. Победа на овој натпревар ја носи репрезентацијата на Европско првенство.
-Ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје – порача Пендаровски.
Премиерот Зоран Заев им посака овој ден да се запише со слатни букци во историјата на фудбалот.
„Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа. #ОдимеНаПобеда #EURO2020“ , напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил и објави видео од разговорот со фудбалерите.
Желби за успех им изрази и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Вечерва, сите заедно да ја поддржиме Фудбалска репрезентација на Македонија во мечот против Грузија#НапредМакедонија #EURO2020“, напиша Мицкоски.