Пендаровски, Заев и Џафери на прием кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

На приемот, Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во државава.

410

Претседателот на државата, Стево Пендаровски,премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваа на приемот, што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, соопшти Кабинетот на Џафери.

„На приемот, Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во државава, заедно посакаа во Новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Поврзани содржини