Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност

600

Претседателот Стево Пендаровски за утре во 13 часот свика седница на Советот за безбедност.

Седницата ќе одржи во кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата , генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.






Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски

Поврзани содржини