ПЕНДАРОВСКИ ВО „ТО ВИМА“ ЗА РЕШЕНИЕТО СО БУГАРИЈА Софија да го почитува националниот идентитет и македонскиот јазик

517

Претседателот на Стево Пендаровски во интервјуто под наслов „Спроведувањето на Преспа е меѓународна и наша внатрешна обврска“ за денешното издание на грчкиот весник „То Вима“, во пресрет на неговата посета на Грција на 5 и 6 октомври околу бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека за жал ситуацијата го спречува започнувањето на пристапни преговори, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови.

– Се надевам дека со новата Влада во Софија ќе продолжат разговорите со новоизбраниот претседател и со политичка Влада со целосна власт што ќе има мнозинство во Парламентот, но решението треба да биде усогласено со Договорот за пријателство и соработка на двете земји и да го почитува правото на самоопределување на нашата нација, како и националниот идентитет и македонскиот јазик. Ќе продолжиме да дејствуваме конструктивно во разговорите со официјална Софија – истакнува претседателот.

Пендаровски притоа ја истакнува важноста на договорот со Грција и смета дека Договорот е одличен пример за решавање на билатералните проблеми меѓу две соседни земји.

– Договорот на Северна Македонија и овозможи да стане 30-та членка на НАТО, реализирајќи еден од двата стратешки цели во евроатлантската интеграција. Позитивно влијаеше врз нашата европска интеграција, со оглед на тоа што денес, Грција е еден од најсилните наши поддржувачи. Договорот од Преспа не беше лесен за двете земји. Но, важноста и неговото позитивно влијание повеќе ќе се покажат во следните години –  истакнува Пендаровски.

Тој посочува и дека Комисијата за учебниците има направено напредок, а препораките треба да се спроведат и од двете страни. За Меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа, а сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, претседателот вели дека ратификацијата е од клучно значење за промоција на економската соработка.

Поврзани содржини