ПЕНДАРОВСКИ ЗА АПСУРДИТЕ ОКОЛУ КИЧЕЕЦ Човек кој е во затвор прави сообраќајка, затвореник добива притвор!

Ако за аритмија се дозволува 30 дена отсуство, а други не можат викенд да добијат да си ги видат своите најблиски, тоа не е праведно, вели претседателот. 

2,378

Ситуацијата за случајот со Зоран Милески Кичеец има многу апсурди, од човечки и од правен аспект и бара целосно испитување, вели шефот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

– Не сум чул, не сум прочитал некаде во светот дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. Барем да го возел затворското комбе, па ќе речеме дека ете работи на таа позиција. Згора на тоа бил со двајца странски државјани, посебно ме интересира дали можеби еден од нив има и двојно државјанство. Како правник не  можам да разберам како на човек кој е во затвор, му давате мерка притвор. Тој треба да се врати во затвор за да го обезбедите неговото присуство – рече Пендаровски.






Тој рече дека дополнителна конфузија создаваат соопштенијата за неговото „отсуство“, затоа што во едното се вели дека тој имал здравствени проблеми, а во другото, дека неговата мајка е болна и затоа, додаде Пендаровски, не знае кое соопштение е покредибилно.

– Ако за аритмија се дозволува 30 дена отсуство, а други не можат викенд да добијат да си ги видат своите најблиски, тоа не е праведно – вели претседателот.

Поврзани содржини