Ниту една вонредна состојба досега не беше воведена поради бројката на заразени од коронавирусот, туку затоа што немаме парламент и за да може владата да одговори на предизвикот во здравствената и економската сфера, одговори претседателот Стево Пендароски на новинарско прашање.
– Вонредната состојба нема врска со тоа како здравствените власти се справуваат со пандемијата на коронаирусот – рече Пендаровски.
Тој неговата одлука да не ја продолжи вонредната состојба ја објасни со информациите од Владата дека има доволна количина медицинска и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на домашната економија а за што има доволно средства во Буџетот.
– Најверојатно денеска или утре ќе биде поднесено барањето до ОБСЕ од страна на Министерството за надворешни работи, кое е и надлежно да побара набљудувачка мисија за време на изборите – рече претседателот Пендаровски, кој додаде дека не може да очекуваме ОБСЕ, во време на пандемија да функционира исто како лани или преклани.
– За ОБСЕ немам никаква информација дали е поднесено барањето, имаше информација дека најверојатно денеска или утре би можело тоа да биде поднесено. бидејќи Министерството за надворешни работи е надлежно да побара набљудувачка мисија. Тука има разни шпекулации во кои јас не би сакал да навлегувам колку време реално во време на пандемија им е потребно на ОБСЕ/ОДИХР да покријат одредена земја. Имаме држави кои во моментов имаат закажано избори, на пример Полска, Хрватска, Србија и да не навлегувам во шпекулации каков тип на мисија имаат, бидејќи тоа се разликува – рече Пендаровски.
Тој појасни дека и лидерите се согласни околу тоа оти ние не може да очекуваме во време на светска пандемија мисијата на ОБСЕ ОДИХР да биде иста како претходните години, бидејќи како што рече, не може со ист потецијал даделува и во делот на краткорочни и во делот на долгорочни набљудувачи.
– Знам дека граѓаните не размислуаат за избори во време на пораст на заболени, но тие се неопходни за функционален парламент и легитимна влада. На таа тема имав комуникација со лидерите на политичките партии и стратешки партнери. Власта и опозицијата се согласни дека ДИК треба да изготви посебни протоколи за безбедно гласање, но за жал не се приближија за став за изборите – рече Пендаровски.