ПЕНДАРОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ПОБЕДИ ВО ВТОРИОТ КРУГ ВМРО-ДПМНЕ дава прогнози само за првиот круг

509

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори вечерва во Тема на денот на ТВ Сител истакна дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски зборува дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови во првиот круг од изборите, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.

– Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со седум кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат – рече Пендаровски.






Тој образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот тој, е апсолутно невозможно.

За тоа дали поддршката на СДСМ оди во негова корист, Пендаровски рече дека на вчерашниот конгрес на партијата се покажало дека постои висока компатибилност на партиското гласачко тело со еден кандидат кој не е член на политичката партија.

На прашањето дали непотпишувањето на Законот за игри на среќа е една од причините за да не добие поддршка од ДУИ уште во првиот круг, Пендаровски вели дека првенците на ДУИ кажувале уште од почеток дека ако албанската опозиција оди со свој кандидат и тие ќе мораат да одат со свој кандидат имајќи го предвид психолошкиот ефект подоцна односно за две недели на парламентарните избори.

Во однос на можен бојкот на претседателските избори од страна на ДУИ, Пендаровски вели дека ако не успеат изборите во рок од 40 дена мора да се повторат, но тој додава дека ги слуша анализите и не може да сфати зошто ДУИ би бојкотирала.

– Не знам зошто баш ДУИ би бојкотирала втор круг за претседателски избори – вели Пендаровски.

Поврзани содржини