Пендаровски: Според една од коморите ќе ни требаат позајмици од 700 милиони евра

Според податоците кои ги имам угостителите (туристичките работници, рестораните и слично) имаат загуба од 70 милиони евра - вели претседателот.

443

Претседателот Стево Пендаровски во Топ Тема на Телма рече дека поради оваа моментална состојба со коронавирусот, земјата ќе се соочи со голема економска криза, а истата би требало да се решава со позајмици од странските финансиски иституции.

– Според податоците што ги добив, угостителите (туристичките работници, рестораните и слично) имаат загуба од 70 милиони евра. Првична проценка на една од Коморите, заклучно со средината на овој месец, е дека ќе ни требаат позјмици од 500-700 милиони евра. Нема начин да се задолжите ако нема Собрание или Влада која работи во вонредна состојба – рече Пендаровски.

Поврзани содржини