ПЕНДАРОВСКИ СОЧУВСТВУВА СО СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ На повредените им посака успешно закрепнување

Сочувство до семјствата на жртвите испратија и премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на собранието Талат Џафери. и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

382

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид центарот во Тетово.

– На повредените им посакувам успешно закрепнување, се вели во изјавата на сочувство на  Претседателот.






Сочувство до семјствата на жртвите испратија и премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на собранието Талат Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Тој во изјавата за сочувство на фејсбук напиша:

„Ужаснат сум од тажната вест за пожарот во модуларната болница во Тетово каде го загубија животот наши граѓани зафатени со пандемијата на вирусот КОВИД-19.

Моето сочувство за сите оние што во оваа болна несреќа го загубија животот, моите молитви и мисли се упатени за Тетово, со надеж за побрзо закрепнување од оваа трагедија“.

Поврзани содржини