Пендаровски: Секој злоупотребен денар и секој наместен тендер е причина за заминување на младите ВИДЕО

Осврнувајќи се на завршените избори, претседателот очекува побрзо конституирање на новото Собрание и Влада, за која рече дека ќе ја нема комоцијата да не и бидат поставувани тешки прашања во првите 100 дена.

658

На 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, денеска во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, кој истакна дека Втори август е исклучителен повод да се потсетиме и на историското и современото значење на илиденската кауза.

Тој истакна дека овој Илинден се прославува во посебни услови, светот е зафатен од пандемијата на коронавирусот, која донесе страдање на милиони луѓе се заканува целосно да го промени начинот на живот, посочувајќи дека слободата на движење како цивилизацикса придобивка денеска е потешко оставрилива дури и од времето пред почетоците на патувањата.






Здравствената криза, нагласи тој која одмана премина во економска, политичка и морална криза во светот, рече претседателот, ќе биде со нас многу месеци и сериозно ќе го лимитира нашиот развој и аспирациите за подобар живот. Затоа, ќе мора како држава што побргу да најдеме начин како да ја обезбедиме социјалната правда и да ја поттикнеме економската активност и развој без да влегуваме во вртлогот на финансиско задолжување и неконтролирано зголемуавње на јавниот долг.

 

– Нашите граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал. Секоја злоупотреба на функцијата, секој злоупотребен денар од јавните финансии, секој наместен тендер, секое влечење на судските постапки со години, секое малтретирање на граѓаните во административните коридори се причина повеќе за одлуката за заминување од државата на многу млади луѓе, за затворање илипреселба на бизниси во други држави и за енормно зголемување на фрустрациите и радикализација на граѓаните – рече претседателот.

 

Осврнувајќи се на завршените избори, претседателот Пендаровски очекува побрзо конституирање на новото Собрание и Влада, за која рече дека ќе ја нема комоцијата да не и бидат поставувани тешки прашања во првите 100 дена. Актуелните трендови со вирусот, нагласи нема да дозоволат целосно враќање на економијата во погон, а економските проблеми додаде секогаш носат нестабилност и граѓанско незадовлство. Многу порано пред да ги започнеме преговорите со ЕУ, додаде ќе мора да почнеме со практична имплемнтација на идните правни реформи и да ја интензивираме борбата епротив организираниот криинал и високата корупција.

– Конечно, новата Влада ќе има една друга комплексна задача, особено после ваква изборна кампања во која беа изречени тешки обвинувања и лични дисквалификации кои дополнително ги продлабочија поделбите меѓу граѓаните – истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека веднаш по неговиот избор кажал дека една од неговите главни определби е помирувањето, за кое денес рече убеден е дека ни е потребно повеќе од кога било во историјата, како независна држава.

Поврзани содржини