ПЕНДАРОВСКИ ПРИФАТИ ДЕБАТА СО ПРОТИВКАНДИДАТИТЕ Сепак бара да се расветли случајот со анкетите на МТВ

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови, вели Пендаровски.

465

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка.

-Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата – изјави Пендаровски.






Тој додаде дека останува на претходно изнесениот став за анкетите на МТВ.

-Потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење – вели Пендаровски.

Тој вели дека и со ова останува доследен дека ќе биде транспарентен.

– Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови – рече Пендаровски.

Досега поканата за дебата на јавниот сервис ја прифатија сите кандидати за претседател.

Поврзани содржини