📽️ ПЕНДАРОВСКИ ПОБЕДИ НА СОМНИТЕЛНИ ИЗБОРИ ВО 2019 Боки-13 открива дека има материјални докази како помагал Заев
СДСМ денеска е секта која се убива меѓу себе, по овие избори нема да постои како партија, вели Бојан Јовановски.
Бојан Јовановски-Боки 13 во поткастот „Лазаров“ кажа дека во 2019 година, изборите биле сомнителни и со нефер кампања. Посочи дека Зоран Милески-Кичеец организирал група луѓе од Охрид, во договор со Зоран Заев за гласање. Посочи дека има материјален доказ.
– Пендаровски на минатите избори победи со сомнителни избори и едвај во 2019 година, сум бил сведок. Имало лобирање гласање и нефер кампања. Ако Кичеец ти организира да гласаат одредена група на луѓе, како што Зоран Заев и Кичеец договараа за претседателските избори во 2019 година, за некоја група Еѓипјани во Охрид, за што имам материјален доказ – што ти говори тоа? Тоа се се ама не се фер избори. На мускули победи Пендаровски – рече Јовановски.
Боки-13 зборуваше за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Тој кажа дека никој политичар не ја основал телевизијата туку семејството Јовановски. Зборуваше и за СДСМ, кои се споменуваа како лица кои помогнале за основањето на 1ТВ.
– СДСМ денеска е секта која денеска се убива меѓу себе. По овие избори, СДСМ нема да постои како партија – рече Јовановски.
За Меѓународен сојуз посочи дека тоа биле идеи кои требало да бидат реализирани во целост. Ги знаеле од СДСМ. Па потоа, според него, било злоупотребено.
– Со моите хуманитарни акции се кити СДСМ, партијата добива, јас сум симпатизер во тоа време, а потоа и дел од тие секташки структури. И потоа, дојде моментот на таа Шарена Револуција заедно со Вистината за Македонија, со бомбите кои ги објавуваше Заев. Кога Заев го доби мандатот од Ѓорѓе Иванов и тогаш се официјализираше Меѓународен сојуз. Тогаш имавме супер идеја, супер мисија, али за жал и таму ме извозеа, изманипулираа, дозволив, да денеска ова го зборувам, ама го зборувам со горчина. Го зборувам и со потреба да се знаат многу работи, оти 5 години се зборуваше се и сешто, никој не ја знае вистината – вели Јовановски.
Тој додаде и: „Проектите беа злоупотребени од власта која е актуелна од СДСМ, беа злоупотребени од локалната власт, од централната власт“.
За основањето на „1ТВ“ посочи дека залог била семејната куќа, лични заштеди на семејството Јовановски, а пак, финансирањето било целосно легално.
– Никој не се јавил за основањето на 1ТВ. Отидовме во АВМУ, плативме консалтинг агенција, ги исполнивме стандардите. Никој не дал да се основа 1ТВ. Да беше денеска 1ТВ, таа ќе беше број еден – додаде Јовановски.
Прашан дали 1ТВ имала поддршка од власта, Јовановски рече: „Власта имаше поддршка од 1ТВ, мислејќи дека сме другари со СДСМ, мислев дека ќе имаме поддршка. Од поддршката имам прекршочни пријави, неплатени пари за претседателските избори, а ги рекламиравме“.
Посочи дека СДСМ ја гледаме „1ТВ“ ја гледале како бунар од кој треба да се полнат со пари.
Бојан Јовановски-Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за Зоран Заев. Посочи дека Заев има удел во бегстовто на Груевски.
– Најголемата животна грешка ми е што поклонов верба во човек кој што сите ги искористи и фрли. Тој ја фрли цела негова поставка од луѓе – рече Јовановски за експремиерот Зоран Заев. Тој посочи дека од „Шарена револуција“ почнал рекетот во Македонија.
– Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука е почнато да се рекетираат луѓе и бизнисмени кои ги имаше на тие снимени разговори. На покојниот Силјан Мицевски му се земени 800 илјади евра. Јас ги знам посредно, непосредно работите, за кои можам да посведочам. За се што зборувам во дадени ситуации сум материјализиран во смисла на материјални докази. Ако се спои целиот мозаик, ќе видите дека ништо не зборувам само така. Рекетирани се цела плејада на лица. После е Кирацовски, кој и мене ме спои со Силјан Мицевски. Кирацовски му се јавил бидејќи биле сограѓани со Силјан Мицевски и му кажал дека за да не му бидат објавени тие снимени разговори дека овој другиов ќе го чека во Струмица. Тие викаат дека тоа е за помош на партијат. А тоа било повише личен интерес. Потоа, брат му станува главен. Јас останувам во некакви комбинаторики со нив. Тие комуницираа со обвинетите во СЈО – рече Јовановски.
Јовановски посочи дека Заев има удел во бегството на Груевски.
– Што мислите Никола Груевски, така избега? Најдобро е да го прашате Зоран Заев. Онаа несреќна Вилма Русковска водеше постапка за бегството на Никола Груевски. И што откри? Зоран Заев има удел во бегството на Никола Груевски. Зоран Заев беше сериозен тровец-поединец. Прво јас му верував многу – неговата простодушност, неговиот шарм, наводната доброта, ми даваше чувство на сигурност. Јас го познавам пред да стане премиер и после откако стана премиер. Неговите апетити пораснаа многу повеќе – додаде Јовановски.
Боки 13 читаше пораки за кои рече дека се разменети помеѓу него и обвинителката Вилма Русковска, која беше шефица на Обивнителството за гонење организиран криминал.
– Јас ја прашувам на 23.02.2019 година, „Вилмич, кај сакаш да седнеме на вечера“. И ги повикувам медиумите, еве, и таа не гледа, можеби само е во алкохолизирана состојба, да и се јават и да ја прашаат дали е тоа точно или не е, ако е тоа точно. Вилма ми одговара „Ќе ви јавам, само да завршам“, јас ја прашувам „Што сакаш од Италија, Вилмич“, таа ми одговара: „Од Италија само кондури се купуваат“, јас ја прашувам: „Кој број кондури носиш Вилмич“, таа вика „37“, па вика дека кога била во Рим, само кондури купувала. На 20.03. 2019 година ми вели: „Пуштај ми новинар, ќе го викнам на распит З. Караџовски, многу ми е одвратен, ќе го уништам“, јас ја прашувам: „За што го викаш на распит?“, таа ми вели: „Нели му отворив предмет за бонусите кои ги потпиша за судиите“. Јас ја прашав кога и треба новинар, а таа одговара. Таа вика: „Одвратен ми е, ќе ти кажам што да го праша новинарот“. Таа ги уредуваше работите. Тоа го правела во Рекет, цело време – рече Јовановски.
Потоа продолжи со читање на пораки.
„Потоа ми вели: „Само вие фалете ја Катица и тие дебили за да можат да им го донесат законот за да зимаат уште повеќе бонуси“. Јас и одговарам: „Не сум во тек на пат сум“. Таа вика: „Па на вести само тоа објавувате и уште најавувате дали јас сум можела да ги постигнам овие резултати во ОЈО-ГОКК. Срамота. Ај те молам кажи за кои стандарди треба да се борам“. Значи, таа уште тоа време, имаше анимозитет кон Катица и СЈО. И вели: „Или треба да бидам неписмена како свињана Катица“. Потоа ми вели: „Онаа дувнатата од кај тебе од ТВ многу се замислува“. Мисли на Дувњак и кажува дека веќе нема да гостува. Потоа вели: „Оној шпиунон Ордановски немора толку да одработува за СЈО, ја изгледав емисијата за 27-ми, на што личеше тоа?“. Јас и викам, чекај да видам, те барам – додаде Јовановски.
Посочи дека внукот на Вилма Русковска е обвинител во Куманово, па барала тој да биде вработен кај Катица, да помогнел.
– Месец март, 2019 година. Откако јас сум ги зел наводно парите од Јордан Камчев. Јас на тоа викам, „слушни се подобро со Катица, така е подобро“. Да си се договорат тие две, колешки се. Се оградувам. Претходно кога ми рекла да пробам кај Катица, јас викам, „важи, ќе биде“ – додаде Јовановски.
Потоа, посочи дека на 13.03. бил во комуникација со Русковска, на два дена пред пресудата за 27-април.
– Таа ги знаеше пресудите за 27-април порано од судот да ги изрече и да донесе пресуда. Јас и пишувам: „Утре ќе ја пренесуваме пресудата за 27, цела“, Вилма враќа: „Ќе биде интересно, највисоки казни, после ќе давам изјава“. Јас враќам: „Значи Кацарска ќе направи лом“, Вилма вели: „Лом, лом, ќе видиш“. Јас и викам: „Дај некоја ексклузива“, јас и барам ексклузива на телевизијата. Она ми одговара: „Само една ослободителна, другите сите високи“. Русковска: „После пресудата ќе ја бараме Кацарска да гостува“ и точно, дојде кај Гордана Дувњак да гостува во емисија. Таа ми изнесува пресуда пред пресудата да биде изнесена. Потоа ми зборува за директори кои што ќе бидат ексклузивно апсени за две недели итн – додаде Јовановски.
По ова посочи: „Јас ѝ го зборував ова на Вилма Русковска, дека ќе и дојде овој ден, дека ќе одговара. Она беше свесна дека ова постои во мојот телефон. Они ме уапсија, мислеа ќе ги има само доказите за Јордан Камчев, снимка, разговори и дека во мојот телефон нема да има ништо. Две недели пред да ме уапсат, една личност ме подучуваше да избришам се од телефонот, да сум го напраел ко нов. Ми викаше ‘злу не требало’. Јас на тоа, за да престане да ми зборува тоа, јас викав: да, да, да избришав“. Јас намерно телефонот го држев без пасворд, намерно. Таа кога го зема телефонот, се сретна со пораки, меѓу кои, со пораки со Наум Пановски. Виде пораки каде Наум Пановски ја напаѓа, каде дава информации какво и е обвинението за 27-ми април, мене ми кажува дека е алкохоличарка која е неписмена, тоа се негови зборови и дека други и ги правеле обвинението, дека од ракав и се обвинети луѓето.
Јовановски додаде и: „Заради 27-арил доби шефовско место. Го доби предметот за работење, па стана и шеф на организиран криминал. За да се изживњава на луѓе, упропасти толку места. Цитирам порака дека обвинението е пишувано од ракав и дека кому-иде луѓето се ставени таму“.
Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ зборуваше за состанок помеѓу Венко Филипче и Јордан Камчев околу приватизација на болницата „8-ми септември“. Тој ракажа за улогата и на Зоран Заев.
– Ако Венко Филипче кај мене дома се дрзнува да преговара за милионски бизниси да продаваат некаква си болница со Јордан Камчев… како може да не сме блиски? Преговараа за болница и он си побара колку бара за него и за Заев пари. Се работеше за болницата „8-ми Септември“ за јавно-приватно партнерство и приватизација на таа болница по посебни критериуми изготвени од МЗ, состаноците беа во мојот дом во Орман – тука имав конкретен интерес, тоа е процентуална вредност, која ќе ми припаднеше мене, доколку биднеше тој договор. Од едната страна беше Филипче кој преговараше во име на Владата, а во еден момент Зоран Заев беше ставен на спикер, за да го поддржи целиот разговор и целата некаква си зделка. Од другата страна беше Јоран Камчев, а кумуваше и Зоран Милевски-Кичеец, оној кој ја носеше Луи Витон торбата во случајот Рекет. Ова се случува во месец март/април, откако Јордан Камчев беше пуштен во домашен притвор по одлука Врховен суд, а не по интервенција на Бојан – рече Бојан Јовановски.
Зборуваше и за улогата на Стефан Богоев.
– Стефан Богоев ни сам не знаеше дека ќе биде градоначалник на Карпош. Јас и тој се запонзавме, го викнале на распит и тој лаже и вика дека јас и тој сме се запознале преку жена му. А јас со него сум се запознал по сосема друга линија, а сум му се јавил по негов говор пратенички и сме продолжиле да комуницираме.. Јас во неговата кампања бев јас во креативниот дел, во штампање билборди, во финансирање на кампања. Јас преку моите контакти излобирав да биде тој кандидат. Тој е првиот човек, кој сум го направил градоначалник. Тој е човекот кој ми го накалеми Меѓународен сојуз како кривично-правен настан, а ми го накалеми Владо од Карпош за да ми праќа локации да ги нудам на Дрим Билдинг… Јас го споив Богоев со Дрим Билдинг, имам факти и материјални докази, пораки.. Зошто ме зезнаа? Зошто го зезна тој капитален проект? Имаше долг кон Гранит, за да им даде место на нив… – додаде Јовановски.
Раскажа дека во притвор му доаѓале инспектори од УЈП со кој се вршел притисок.
– Марија Шерифовиќ и Северина, имавме два концерти. Беше катастрофа со продажба на карти. И тука ја теретат фирмата БМЈ дека е затаен данок. Дека имало 5 милиони денари карти, а едвај имало 100-200 карти. А тоа го нашле оти не ги нашле картите. Тука е Миле (татко му) кој немал никаква функција, го инкриминираат, поради лукративните побуди на Сања Лукаревска. Таа денеска е потпретседател на СДСМ. А таа знаеше да гостува во телевизија, да ме прибира во нејзината канцеларија, да гостува кај Ацо Кабранов. Мед и млеко. Кај нејзе има скандал од 800 илјади евра. Силјан Мицевски на кого сакаа да му стегнат кривична за затајување на данок за РЕК Битола, му бараа, 800 илјади евра, тука сум личен сведок, и записникот од некаква ревизија, да му биде променет. И сето тоа го знаеше Сања Лукаревска. За ова имам доказ. Таа ова го знаеше и таа беше машата како Силјан Мицевски и Ардијан Амзовски од тоа „не сме оштетени“, даваат исказ пред Русковска, им влада инспекција под диригентска палка на Сања Лукаревска, во координација на Заев. Целата хајка и пропаганда беше да се претстави дека СДСМ не се селективни, а тоа е најголема невистина – рече Боки-13.