ПЕНДАРОВСКИ ПАК ФАТЕН ВО ЛАГА Од МТВ информираат дека бил уредно поканет на претседателскиот дуел, со можност да бира термин

Во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк, информираат од МТВ.

1,174

Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во изборната дебата на јавниот сервис, потенцираат од Македонската телевизија во информацијата за изборното соочување на претседателските кандидати и посочуваат дека Пендаровски бил уредно поканет со можност да бира термин и можност да настапи во дебата со пртивкандидатката Гордана Силјановска Давкова или да бидат реализирани оделни интервјуа до двајцата претседателски кандидати. Но од неговиот кабинет добиле одговор дека не можат да ја организираат агендата, со што се демантираат обвинувањата од СДСМ и од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска Давкова сама си ја организирала дебатата.

„Вечерва во 20.15 ч. на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис.






Македонската телевизија на 26 април 2024 година упати покана за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, Јавниот сервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 6 мај (понеделник).

Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател.

Од тимот на Гордана Силјановска Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај-четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин.

Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат да му ја организираат агендата и дека не можат да успеат.

Во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк.

После сето ова, Македонската телевизија ги отфрла инфомрациите од Кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска Давкова сама си договорила дуел на МТВ“ – стои во известувањето од МТВ.

Поврзани содржини