Пендаровски: Остануваат истите мерки, нема потреба од поригорозни чекори ВИДЕО
Не разгледуваваме воведување на поригорозни мерки, затоа што во моментот нема потреба од тоа. Земјава во однос на тестираните, заразени и починати не е под нивото на земји членки на ЕУ, па дури е и понапред во позитивна смисла, рече шефот на државата.
По седницата на Советот за безбедност која попладнево започна во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и беше посветена на вонредната состојба за ковид 19, шефот на државата изјави дека откако биле добиени релевантни параметри од сите аспектина кризата, заклучок е дека засега државата е адекватно поставена и дека нема потреба од дополнителни, поригорозни мерки.
– Не разгледуваваме воведување на поригорозни мерки, затоа што во моментот нема потреба од тоа. Земјава во однос на тестираните, заразени и починати не е под нивото на земји членки на ЕУ, па дури е и понапред во позитивна смисла – рече Пендаровски.
Тој рече дека консензуало било заклучено да им се оддаде признание на сите служби кои се мобилизирани за справување со епидемијата.
– Советото заклучи – ситуацијата е сложена, а сите сценарија се зависни од главната непозната, односно од тоа колку кризата ќе трае. Засега имаме адекватна поставеност, стриктно спроведување на препораки на СЗО и со мали исклучоци, имаме почитување на мерките од граѓаните – рече Пендаровски.
Најногу страда еконимијата и не престори тежок период, ни требаат серија на мерки и одговорни чекори, па потребна е мобиизација на сите капацитети, а прибегнување на најрадикални решенија ќе има само во крајна нужда и со определен временски рок, беше дециден шефот на државата.
До истекот на вонредна состојба ќе има уште најмалку една Седница на Советот за безбедност.
– Тешките денови не се зад нас. Апелирам да бидеме смирени, одговорни и солидарни, излегувајте од дома само кога е неопходно – рече Пендаровски.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичкат
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, не присуствувал поради здравствени проблеми.