Пендаровски: Одговорноста има име и презиме, граѓаните се разочарани зашто не испорачавме правда

Првата група жртви на „Јавна соба“ пријавиле уште во март, а безмалку една година им требаше на институциите да реагираат како што треба, рече претседателот за телевизија 24.

1,642

Претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија 24, коментирајќи го високиот индекс за перцепција на корупција рече дека лично не може да сведочи за тоа дали е повеќе раширена коруптивноста во земјава, но рече дека Владата мора посериозно да се фати во костец со тоа. Тој смета дека мора подобро да се анализира корупцијата на која се изложени граѓаните на локално ниво.

Тој рече дека не е изненаден од ниското рангирање, зашто лани бевме на 105 место што, рече, е еднакво лош резултат и е логично зашто не може да има драстично напредок.






– Според методологија, се мерат перцепции. Не дека не е релевантен индикатор за реалните состојби, но перцепциите во оваа област се битна работа за да ги насочите напорите – рече шефот на државата.

Според Пендаровски, граѓаните се најмногу разочарани зашто, рече, не испорачавме правда што може да се види и низ бројките од парламентарните избори.

– Иста политичка структура, дури и кадровска, не само во политичка смисла, освои 110 илјади гласови помалку од изборите во 2016. Моја проценка е дека тоа е најмногу поради неиспорачувањето на резултати во оваа област. Со мојата надлежност, јас можам само постојано да ја кревам свеста за овие проблеми кои се неспорни и да им давам поддршка на луѓето и на факторите и институциите кои треба да ги расчистуваат – истакна Пендаровски.

Како случај каде е евидентна корупција кај институциите го спомна Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешковски, истакнувајќи дека целиот случај откако тоа заминал за викенд до затворот, па се до неговото вчерашно апсење во Софија, е со елементи од таа сфера.

Претседателот оцени дека Владата треба да и даде поддршка на Антикорпциската комисија, затоа што, посочи, таа ги заслужила нависоките оценки.

Пендаровски побара да се повикаат на одговорност раководните лица на институциите кои треба да постапуваат по случајот „Јавна соба“ и иформираше дека пред некој ден примил дел од жрвите на „Јавна соба“.

– Првата група жртви пријавиле уште во март, а безмалку една година им требаше на институциите да реагираат како што треба. Треба да се прашаат тие институции кои постапувале аматерски, лошо. Станува збор за потенцијални неколку илјади жртви. Единствен начин е да профункционираат работите, е да почнеме да ги посочуваме лицата кои се одговорни во институциите со име и презиме и да ги повикаме на одговорност – рече Пендаровски.

 

 

Поврзани содржини