Пендаровски: Очекувам од правните експерти да подготват барем две-три опции
Во 16 часот во мојот Кабинет почна средбата на седум истакнат правни експерти. До моето влегување во студио тие сè уште работат и имаат прилично дисонантни ставови. Мислам дека ќе подготват барем две-три опции, нагласи Пендаровски.
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во емисијата „Топ тема“ на Телма, изјави дека очекува правниот тим кој преговара во неговата резиденција, денеска или во текот на утрешниот ден да изнајде издржано правно решение.
– Во 16 часот во мојот Кабинет почна средбата на седум истакнат правни експерти. До моето влегување во студио тие сè уште работат и имаат прилично дисонантни ставови. Мислам дека ќе подготват барем две-три опции – нагласи Пендаровски.
Претседателот соопшти дека едниот став е дека Собранието по распуштање не може да се собере назад и да заседава ни во случај во војна. Другиот став е дека мандатот на пратениците трае до изборот на нивните наследници и дека тие може да се вратат на работа во екстремни ситуации.
Според претходно објавеното во правниот тим кај претседателот Пендаровски се професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов. А според најавите на средбата присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.