Пендаровски: Нови мерки нема да има, но мора да издржиме уште некој месец
Тој вели дека има разбирање, затоа што една година сме со ограничено движење, но мора да издржиме.
Одговарајќи на новинарско прашање, шефот на државата Стево Пендаровски рече дека нови рестрикции, карантин нема да има, но ги повика граѓаните кои се опуштија да ги почитуваат мерките.
Тој вели дека има разбирање, затоа што една година сме со ограничено движење, но мора да издржиме.
– Да почекаме уште некоја недела, месец. Ако сме издржале 12 месеци, ќе издржиме и 13 и 14 месеци – изјави Пендаровски.
Претседатрелот рече дека бројката од 41 починат вчера укажува дека состојбата е навистина лоша. Изрази разочарување од распределбата на вакцини меѓу богатите и сиромашните земји. Наведе дека и во богатите држави недостигаат вакцини, но во сиромашните земји е уште полошо.